Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод Велигденските празници, упати честитка до граѓаните, со искрени желби најголемиот христијански празник Христовото Воскресение- Велигден, да го прослават во атмосфера на среќа и радост во срцата.
-Христовото Воскресение – Велигден е голем и свет ден, празник кој ни ги носи радоста, блаженството и спокојот и не учи тоа да го споделуваме со нашите ближни, роднини, соседи и пријатели. Велигден е ден кога со радост го славиме животот, вербата и надежта, кои извираат од секој храм, од секој дом и од срцето на секој верник. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу себе и меѓу сите луѓе на светот. Овој свет ден не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнети со љубов и духовен мир, со почит кон блиските, но и со толеранција и разбирање кон другите. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов и да правиме добри дела преку кои ќе ја потврдиме смислата на нашето живеење.
Нека ни е честит Великиот ден на Воскресението Христово – Велигден, нека не испони со сила, верба и благослов и нека не води по патот на чесноста и праведноста. Деновиве на празнување нека ни поминат со радост и среќа, а домовите нека се полни со весели и насмеани луѓе кои со полни срца го чествуваат Воскресението Христово, се вели во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакрачески.
OhridNews