Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, по повод претстојниот голем христијански празник Велигден, до  сограѓаните и гостите од православна вероисповест упати честитка со желби за среќни празнични денови, благосостојба во домовите, мир, христијанска љубов и меѓусебна почит. Во честитката до православните верници, градоначалникот Петрески вели:

– На моите сограѓани од православна вероисповест како и на гостите кои за време на празникот  престојуваат во Охрид, по повод големиот христијански празник Велигден им ги упатувам  своите искрени честитки. Посакувам во сите домови во кои се празнува овој голем верски празник да владеат среќата, спокојството, семејната благосостојба, мегусебната почит и христијанската љубов. Убеден сум дека благодарение на вдахновеноста со традиционалните вредности и почитта кон верата, сите ние ќе знаеме и умееме да се радуваме на празникот и да бидеме исполнети со пиетет кон духовните и световни вредности за да знаеме да се радуваме на секојдневните достигања, желби и планирања. На сите сограѓани кои го чествуваат Велигден како и на гостите што ќе го прослават празникот во нашиот град им посакувам празничните денови да им останат во пријатно сеќавање.

ohridnews