Честитките со најискрени желби, пред се за здравје и убав живот, не изостанаа ниту овој Велигден. Но наместо на заедничка трпеза и дружба, охриѓани овој пат си честитаат преку социјалните мрежи и мобилните телефони. Поради корона кризата Охрид го живее најдолгиот полициски час во својата историја, кој завршува во вторник во 05 часот.

Низ градот е тивко и речиси да нема никакво движење. Поради мерките за спречување на ширењето на Ковид 19, хотелите и рестораните се под клуч, а нема ниту туристи, кои традиционално во голем број доаќаа за Велигден. Затворени се и верските храмови, кои вообичаено за празникот се полни со верници.

Велигден во Охрид во сенка на корона кризата

Според најавите, полициски час ќе имаме и во претстојните два викенди, а олабавување на строгите мерки на заштита владата најави по 1 Мај.

Г.М.