Биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква, точно на полноќ, ја најавија радосната вест за воскресението Христово.
И покрај пандемијата, верниците вечерва ги посетија црквите и манастирите во Охрид. Претходно Дебарско – кичевската епархија упати апел до верниците да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето и спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19.
Централната празнична богослужба во Охрид со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј се одржа на Плаошник.
Велигден во Охрид го дочекаа и голем број гости од земјава и соседството.
Согласно одлуката на Владата вечерва нема полициски час, а на сила се останатите мерки за заштита од вирусот Ковид-19.
OhridNews