Верници ширум светот го славеа воскресението Христово- Велигден. Во Ерусалим беше запален Светиот пламен. Во Египет, Коптите си посакаа мир и безбедност.
Илјадници верници се собраа во Ерусалим на традиционалната церемонија на палење на Светиот пламен славејќи го на тој начин воскресението на Исус. Ритуалот е стар над 1.200 години и се одржува во и околу Црквата на Христовиот гроб, каде христијаните веруваат дека Исус бил распнат, закопан и воскреснал.
OhridNews
извор DW