Дневните температури на воздухот околу 18-от степен и само 9 степени Целзиусови на водата, очигледно не ги обесхрабри првите капачи. Велигденско “сефте“ направија неколку млади момчиња на плажата Славија. Капењето го зачинија со скокање од мостот. Ни кажаа дека уживаат во капењето, а единствено замерка имаа, на како што рекоа, ладната вода. И не е чудо што имаа ваква нелогична забелешка кога решиле да се капат во Охридското Езеро во април.



Велигден ја отвори сезоната на капење во Охрид


фото: Мирко Постоловски