Неполна недела пред Велигден, на градскиот пазар врие од луѓе. Продавачите очигледно добро се подготвиле, тезгите се преполни со производи, а и побарувачката е поголема велат тие.

Има пазар луѓето повеќе трошат за празникот, ни вели еден 70-годишен старец кој продава семе и други производи. Зелката се троши, луѓето земаат купуваат, ни велат на друга тезга.


зелката е џабе велат продавачите

Избор има но цените повторно и пред овој Велигден се повисоки од обично, реагираат купувачите. Мислам дека се повисоки од обично, но ги разбирам продавачите и тие сакаат да заработат, вели Весна, која ја зaтекнавме како купува на една од тезгите. Треба да е обратно додава друг купувач. За Велигден треба цените да се пониски како што го прават тоа муслиманите за Бајрам, а не да се заработува екстра сега, вели еден лут купувач.


скапо е па се мери до грамче

Најмногу е покачена цената на патлиџанот и краставицата. Патлиџанот од 100 денари пред неколку дена сега се продава за 140 денари за килограм. Краставицата е 80, но продавачите очекуваат и таа за денот (Велигден) да се продава за 100 денари по килограм.

Пазарот ја диктира цената се правдаат продавачите. Побарувачката е голема, а понудата мала. Годинава се поклопуваат православниот и католичкиот Велигден, извозот е зголемен,  раноградинарски производи нема доволно па цената расте, велат продавачите.


македонски патлиџан – европска цена

За разлика од овошјето и зеленчукот цената на јајцата која неодамна беше зголемена, пред Велигден остана на истото ниво, па така и продажбата е поголема. Продавачите на јајца се задоволни.

На пазарот ќе најдете и боја за јајца, каква сакате и тоа за евтини пари се рекламираат продавачите. Бојата е 20 денари вели продавачката и не` нуди. Лани имаше повеќе промет, коментира таа.


на пазарот се продава се` и сешто

Фреквенцијата на градското пазариште деновиве е зголемена. Така се очекува да биде до Велигден велат продавачите кои со зголемувањето на цените на производите ќе ќарат најмногу. Поплаките на купувачите многу не влијаат на нив.

Г. Момироски
фото: С. Костоски