Продолжениот празничен викенд го донесе и првиот поголем бран туристи во Охрид. Градот е раздвижен како во сезона, а гостите уживаат во прекрасното време.

-Само да се погледне времето и езерото и нормално ќе се ужива, убави денови се погодија и што е најважно се отвори времето.-изјави гостин Скопје.

Најбројни на ривиерата се гостите од соседна Бугарија и Грција, а за Велигден во Охрид престојуваат и организирани групи од Романија, Украина, Полска и други европски земји. 

Тука сме за Велигденските празници. Многу е убаво и чисто, само повеќе да водите грижа за културно – историското наследство. – вели турист од Бугарија.

Прв пат сум во Охрид за Велигден и супер е. Дојдовме тука со група студенти од Полска.-рече турист од Полска. 

Велигден и Први мај вообичаено се најава за главната туристичка сезона. Хотелиерите се оптимисти дека таа ќе биде подобра од претходната.

Имаме доста најави, очекуваме голем број посетители, што значи очекуваме подобра сезона. – изјави Сузана Бакреска од х. „Гарден“.

Поголем туристички бран Охрид очекува за Први Мај, бидејќи празникот се паѓа во петок што за многумина ќе биде можност продолжениот викенд да го минат покрај Охридското Езеро.

OhridNews