Велигден,  иако се смета за семеен прзник,  оваа година во Охрид како никогаш порано привлече голем број гости како од земјава така и од странство. Хотелските капацитетите речиси комплетно беа  исполнети, а најбројни беа гостите од соседните Србија и  Бугарија.  Грчките туристи поради проблемите со издавањето на новите пасоши ги имаше помалку од очекувањата, но затоа имаше гости од Италија, Јапонија и Англија.Охрид деновиве наликуваше како во шпицот на туристичката сезона. На терасите немаше место игла каде да падне а  шеталиштата беа преполни.


во центарот беше вистинска врвулица

Странските гости  традиционално најмногу ги посетуваат културно-историските локалитети. Прекрасно, тивко, многу богата историја, импресионирани сме. Ќе им го препорачаме Охрид на нашите пријатели, ни вели брачен пар од Британија со кој се сретнавме на Плаошник кој деновиве беше најпосетуваното место во Охрид. Ова духовно место не ги привлекува само верниците, туку и туристите кои се воодушевени од од прекрасната убавина и древната македонска историја, ни објаснува  отец Игор Никоски. Станците ги интересира кои се градителите што претствуваат овие камења овдека која е  годината кога се градени зошто се толку стари оти тоа сведочи пак во нивните очи право едно двоумеење ако оваа нација нели под наводници е млада кој се тогаш овие стари артрефакти  што ги имаат, вели отец Игор.


странците воодушевени од нашето културно богатство-Плаошник

Посетеноста на Охрид за Велигден  и зголемениот број резервации за првомајските празници е повеќе од добра најава дека ова лето во Охрид ќе има рекорден број туристи, оптимистички се  хотелиерите.

Г. Момироски