Околу 20 000 охриѓани и гости присуствуваа на чинот на осветување на водите на Охридското Езеро за празникот Богојавление – Водици во Охрид. Најмногу среќа меѓу илјадата капачи имаше Јован Рилков од Варош кој по четврти пат го фати чесниот крст. Кумовите за Водици, Тане Николоски и Цветан Панделески, Рилков го даруваа со крст вреден 2000 евра, а организаторот му подари реплика од крстот кој се фрла во езерото. Атмосферата во Охрид на Водици беше прекрасна, празнична, на секој чекор се честеше греана ракија, а кон одбележување на празникот традиционално се приклучија и угостителските објекти.


Литиите пристигнуваат на пристаниште


Владиката Тимотеј ги освети водите на Охридското Езеро


Илјада охриѓани запливаа по чесниот крст – некои се капеа само за здравје


Јован Рилков по четври пат го фати крстот


Света вода за здравје….


….и благосостојба


20 000 верници на градското пристаниште


на тезгите се продаваа реликвии од манастирот Св. Јован Бигорски


по чашка греана ракија и за новинарите


Ведро расположение на Сараиште


Црквата Св. Никола Геракомија масовно посетена


Зурли и тапани пред Св. Софија

Ohridnews