Балот годинава беше пренесуван на охридскот радио „Лав“, а преку радио брановите охриѓани во дијаспората ги поздрави градоначалникот Александар Петрески. Гостите на балот од име на организаторот ги поздрави Васко Ангелоски, посакувајќи им уште долги години да го слават големиот празник.
Величествен Охридски бал во Голден Стар
На свеченоста присуствуваа и генералниот конзул на Република Македонија во државата Викторија Саво Сибиновски и вицеконзулот Гоце Пејовски, како и претседателот на македонскиот совет Злате Ничовски. Присутните беа поздравени и од долгогодишниот претседател на друштвото „Св. Наум Охридски“, Крсте Наумовски и претседателот на македонскиот совет на Викторија, Злате Ничевски. Гостите ги забавуваа танчерското дуо „Кобра Кис“ и групата „Амадеус“., а кум на празникот годинава беше Сандре Николовски. На свеченоста беа прикажувани видео спотови и промотивен материјал од нашиот Охрид на Левко Србиноски. Од прославата на Св. Наум во Австралија охриѓани упатија порака да не се забораваат корените и да работат на зачувување на сопствениот идентитет и промоција на Македонија.