Еден од најпопуларните пеjачи во Македонија кој е извонредно ценет и надвор од нашите граници, Адријан Гаџа, синоќа во Струга одржа величенствен концерт. Комуникативен со публиката која му е блиска, прав шоумен, атрактивен на сцената, Адријан со неговата препознатлива „ магија“ до делириум ја донесе десетилјадитата публика на плоштадот Мајка Тереза во Струга. На концертот покрај стружани и гости од околните градови имаше и туристи, како и голем број обожаватели од Албанија, и други земји.
извонреден настап на Адријан Гаџа во Струга
Концертот на Адријан Гаџа создаде и незапаметен метеж во градот. Сите патишта водеа кон плоштадот „Мајка Тереза“, на концертот на Адриан, а во исто време, сите кафулиња беа сосема празни, за да можат да бидат дел од незаборавниот концерт во Струга.
сите на Гаџа
Успешниот и незаборавен концерт на Адријан Гаџа кој долго ќе се памети отвора и едно многу сериозно прашање. Тоа е дека за во иднина организаторите ќе мора многу подобро да го осмислат просторот за одржување на ваков концерт бидејќи, тој не само што се покажа како претесен за публиката, туку и небезбеден за Адријан , кој едноставно беше „нападнат“ од обожавателите, и обезбедувањето едвај успеа да го извлече од толпата, иако тоа за еден ваков врвен пеач е доказ за неговите квалитети и уметничките вредности и дострели.
беше претесно за сите
На концертот како гости на Адриан Гаџа настапија Агим Пошка, Бертан Аслани, Мирса Крцели, Лоти како и Перкашен бенд и балетска група.
Мехмет Латифи