Повеќе од 20 илјади гледачи ја проследија победата на Рапид над Спартак во Виенна со 2-0, во Лигата на Европа а меѓу нив беше и поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Величе Шумуликоски кој во улога на скаут за тимот на Глазог Ренџер престојуваше во Виена.

Неговиот Глазгов ремизираше кај Вилјареал со 2-2, додека Рапид го совлада Спартак со 2-0. Во наредната рунда , Рапид гостува во Глазгов, а Шумуликоски на лице место го „скенираше“ австрискиот ти

– Се е отворено во оваа група, не очекуваат интересни натпревари – вели  Сумуликоски.

Повеќе од 20 години Шумуликоски (37) другаруваше со „бубамарата“. Негова последна фудбалска станаци беше Словачко, каде ја заврши својата богата интернационална кариера. Сега е на трибините во една сосема нова улога.

– 20 години бев активен фудбалер,  навистина ми беше теско на почетокот, но со тек на време се навикнува човек на се, сега за сега е доста интересно па ќе видиме како ќе биде понатаму – изјави Шумуликоски за новата авантура.

Реформите во натпреварувањата во европските купови и состојбите во фудбалска Европа, поранешниот македонски интернационалец ги гледа доста критицно

– Тимовите, но и самиот фудбалот е доста напреднат и очекувам доста интересни и неизвесни натпревари во овогодинешното издание на Лигата на Европа. Секако дека има добра и лоша страна. За „големите“ екипи тоа се дополнителни средства, додека од друга страна е лошо за малите екипи, кои го губат чекорот. Пред се неможат финасиски да ги следат, а згора на тоа останува уште помала шанса да играат против нив и да бидат конкрунтни – смета тој.

По ланскиот пласман на Вардар, Македонија годинава нема да има преставник во Европа, откако македонскиот првак Шкенијда не успеа да ја мине последната пречка во името на норвескиот Розенборг.

  • Пласманот во Лига Европа е секако голем успех, штета што годинава нема да имаме преставник во ова натпреавурување, но се надевам дека до година тоа ќе се промени. Не е лесно, но секако дека е возможно – потенцираше стружанецот.

Шумуликоски во дресот со националниот грб одигра 84 меча постигнувајки еден погодок. Македонија со две победи успесно ги запоцна мецевите во Лигата на нации.

  • Ги следам настапите на македонската фудбалска репрезентација, стартувавме одлично во Лигата на нации и се надевам дека ќе го задржат таквиот тренд и ќе успеат да го остварат големиот сон, пласман на едно Европско првенство –  завршува Шумуликоски.

На вечната листа по број на одиграни меча Шумуликоски кој три години беше капитен на селекцијата е на третото место зад  Гоце Седлоски (100) и Горан Пандев (96) меца. Во својата кариера одигра преку 400 мечеви постигнувајки преку 20 гола и тоа за екипте на Целје, Зенит, Бурсаспор, Зенит, Ипсвич, Сибир, Тијанин и Словачко.

Мирко Постоловски