Новиот советник, Д-р Величе Маркоски, ќе делува како член на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ. Својата одлука ја соопшти денес, на прес- конференција која се одржа во просториите на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

Особена чест ми е што станувам дел од Советот на општина Охрид, со што ќе можам преку мојата работа да допринесам за доброто на градот. Ќе ги поддржувам сите предлози кои ќе допринесат за подобар живот на сите граѓани и ќе ги застапувам нивните интереси, без разлика на нивната партиска и верска припадност, рече Маркоски.


Како што истакна претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанас Михаилов, со пристапувањето на д- р Величе Маркоски, советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, добива на квалитет затоа што станува збор за личност која е веќе докажана во својата професија.

Ќе докажеме дека работиме одговорно во интерес на граѓаните и дека она што го ветуваме го спроведуваме. Со заеднички сили ќе се погрижиме Охрид да го вратиме на патеките по кои треба да се движи во сите области, рече Михаилов.

На денешната прес- конференција беше истакнато дека целта на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ не е рушење на актуелното мнозинство.

OhridNews