Ј.П.”Охридски Комуналец” во делокругот на својата дејност, ја прошири територијата на активностите за собирање на комуналниот отпад. Од минатиот месец ова јавно претпријатие е задолжено за одржување на јавната чистота и во селата Велгошти, Лескоец и Елшани.

Комуналниот отпад од с.Велгошти се подигнува во вторник и петок, од с.Лескоец во понеделник и четврток, а во с.Елшани само во сабота.

Ohridnews