Прекрасно фудбалско патување приреди традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти, кој оваа година зе одржа по седумнаесетти пат.
На турнирот триумфираше екипата на АСП ПАК, која во финалето што се одигра синоќа ја совлада екиупата на Ресторан Станица и Викса Пром со 3:0.
АСП ПАК триумфираше на турнирот во мал фудбал Велгошти 2022
Победникот на турнирот инкасираше 90000 денари, а второпласираната екипа 40000.
Екипата на Ресторан станица и Викса Пром
Освен победничкиот пехар АСП ПАК ги однесе и индивидуалните признанија на турнирот кои ги врачија градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на градскиот совет Сашо Донев, секретарот на Оппштина Охрид Александар Китески, советникот и претседател на МЗ Велгошти Кире Пердулоски, претставникот на спонзорот на турнирот „Сити Палас“ Христијан Мујо и Коста Трифуноски од организационот одбор на турнирот. Наум Таулоски од АСП ПАК беше прогласен за најдобар голман, додека наградата за најдобар играч, која од оваа година се доделува во чест на прерано починатиот професор и голем љубител на спортот Васко Речкоски ја освои Дејан Милошески.
Признанија за најдобрите
Третото место го освои екипата на Васко Речкоски која во малото финале беше поуспешна од Сатеска од Волино со 3:1.
Екипата на Васко Речкоски ја совлада Сатеска во борбата за 3 место
Како што пренесе OhridNews, наскоро игралиштето во Велгошти каде се игра традиционалниот турнир во мал фудбал, ќе добие нов изглед и нова, побезбедна подлога од гума. Градоначалникот Кирил Пецаков најави дека тоа ќе се случи уште оваа есен, што несомнено ќе придонесе за развојот на локалниот спорт и спортската култура во Охрид.
Г.М.
Фото: А. Момироска