Дефанзивецот Аце Велески е последниот “џокер“ кој го засили охридскиот второлигаш Охрид 2004.

Претходно Џајо вон преодниот рок ги договори услугите на Ѓорески и Џалески, а откако напаѓачот Гоце Толески го официјализираше трансферот во чешката Млада Болеслав, се одлучи за Велески.

Дефанзивецот кој потекнува од охридската фудбалска школа, во својата кариера играше за Караорман, Тиквеш, Илинден од Велмеј. Тој право на настап има в недела на дербито во Прилеп, против 11 Октомври.

М.П.