На 11-ти декември, среда, во Центарот за култура „Григор Прличев“, охриѓани ќе имаат можност да ја проследат претставата „Ноќите во бел сатен“ во изведба на Театар Џинот од Велес.
Автор на текстот е Братислав Димитров, а режисер Ненад Витанов.
– Се обидов да склопам пиеса во која ликовите ќе говорат свој текст, а не мој. Се обидов да ги испитам границите на слободата на говорот, содржината и формата, а истовремено да не бидам насилен. Ваквата сизифофска амбиција во пракса обично е невозможна, но ние постојано треба да се обидуваме! Се надевам дека „Ноќите во бел сатен“ е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов, вели авторот Братислав Димитров.
Улогите во претставата ги толкуваат: Јордан Витанов, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Маја Љутков.
OhridNews