Поради основано сомнение дека е сторител на девет кривични дела „Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.А. роден 1976 година од Велес а живее во Охрид.
Пријавениот, во периодот од 08.10.2008 година до 02.01.2009 година, со хебла-пајцер и со друг алат делувал врз балконски врати и прозорци од куќи, станови и деловни објекти од каде одземал вредни предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 930.300 денари.
Пријавениот, со прекачување преку балкон, влегувал во повеке станови и куќи во Охрид како и во една хотелска соба при што одземал пари, златен накит, лап-топ компјутери, ЛЦД телевизори, мобилни телефони и друга техничка стока, обувки како и други вредни предмети.
По извршениот претрес во неговиот стан, од страна на полициските службеници пронајден е дел од подесниот алат како и дел од одземената стока која Б.А. не успеал да ја продаде. Одземените предмети се вратени на оштетените лица.
Пријавениот Б.А. кој по неговото бегство е пронајден од полициските службеници, е предаден во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ на издржување казна затвор од 5 години за претходно сторени казнени дела.
извор: СВР Охрид