Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Т.В. роден 1977 година во Велес  каде и живее.

Пријавениот, на ден 02.08.2008 година, во своето патничко моторно возило марка ,,БМВ“ со скопски регистарски таблици, им овозможил уживање на опојна дрога-кокаин на лицата Ј.Н. родена 1983 година од Охрид и Н.Р. родена 1983 година од Велес.

Од страна на Инспекторите за борба против дрога при СВР Охрид, пријавениот и двете други лица се затекнати на паркинг простор кај плажата ,,Немо“ во моментот на злоупотреба на опојната дрога-кокаин. При преглед врз лицата и возилото, пронајдени се една банкнота од пет евра завиткана во форма на цевче, една најлонска кеса и една карта за концерт, сите со траги од бела прашкаста материја, за која подоцна, по извршеното вештачење е констатирано дека се работи за остатоци од кокаин.

Дополнително, врз трите лица извршена е урино-анализа при што констатирано е присуство на метаболите од опојна дрога-кокаин. Против Ј.Н. и Н.Р.  поднесена е прекршочна пријава за оддавање на уживање на опојна дрога согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

ohridnews