Велешанецот Љ.Н. (53) го извршил убиството врз скопјанката Снежана Тодороска(59) која беше пронајдена мртва во сопствената куќа во Пештани, соопштија извори од истрагата. Осомничениот убиството го извршил со тврд предмет пред 10 дена по што жртвата ја оставил во када. Љ.Н. пред три дена испил поголемо количество седативи по што побарал помош во болницата во Велес каде го признал убиството.
собата каде било извршено убиството
Според првичните неофицијални информации осомничениот за убиството и жртвата живееле во вонбрачна заедница. Соседите на убиената не виделе и не чуле ништо сомнително. Пред три дена во посета на сега веќе покојната пристигнала нејзината ќерка која ја алармирала полицијата.
Истрага на местото на настанот денеска изврши увидна екипа. По наредба на истражен судија телото на убиената е предадено на обдукција која треба да открие кога точно и како настапила смртта кај жртвата.
ohridnews