Поранешниот пратеник и потпретседател на партијата, новинарот Веле Митаноски ќе биде носител на листата на советници на Социјалдемократската унија – СДУ во Охрид. Ова беше кажано на денешната прес конфереренција на која беше претставен и кандидатот за градоначалник на општина Дебрца Димче Андрески.

-На локалните избори, сакаме да  се претставиме пред граѓанството и избирачите со  нашите програмски начела, идеи и визии, како нова политичка опција и гаранција за разрешување на потребите на граѓаните, рече Марко Спасески, претседател на ОО на СДУ во Охрид Тој додаде дека Партијата има мотив и сила да ги измери сопстввените капацитети во изборното соочување, меѓу останатите политички конкуренти.

Во својата изјава пред новинарите, Веле Митаноски, се осврна на приоритетите на партијата во Советот, објаснувајќи  зошто СДУ нема да учествува во трката за градоначалник.

-Целта ни е да дојдеме до позиција да ја иницираме и контролираме работата на Советот, а преку него да ја унапредуваме локалната самоуправа, на начин што ќе значи побрзо и поцелосно остварување на интересите на граѓаните, рече Митаноски.

Зборувајќи за претстојното изборно соочување, Веле Митаноски, потенцираш дека СДУ сака фер и демократски избори, пред се, од аспект на евро-нато аспирациите. Охрид треба да предничи во создавањето на една позитивна атмосфера, додаде тој. Митаноски како позитивен го оццени досегашниот процес, но остави резерва за случувањата што престојат.

-Вие знаете дека во градоначалничкиот натпревар во Охрид, и пред 4 и пред 8 години, пукаа бомби и калашникови. Политичките и полициските власти најдиректно се инволвираа. Пред 8 години со печатење на лични карти, пред 4 години со упад и запленување на избирачкиот материјал, поради, наводна подметната бомба, рече Митаноски.

Носителот на советничката листа на СДУ информираше дека партијата подготвила конкретна локална изборна програма, која, за неколку дена, ќе биде во целост објавена на посебна ВЕБ-страница.

Ohridnews