Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски повторно ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во собраниските клупи и истакна дека во Македонија нема политичка криза.

„Повторно повикувам и укажувам дека политичкиот дијалог кој се одвива на координативните средби е вистинскиот начин за решавање на било кое отворено прашање. Со него ги почитуваме и одредбите од Законот за Собранието, кој заеднички го донесовме, а истовремено ја продолжуваме досегашната добра практика за сите прашања да се разговара и договара, чекор по чекор, трпеливо да се гради политичкиот дијалог и да се изнаоѓаат заеднички решенија кои се во интерес на граѓаните и евроатланската интеграција на Република Македонија“, изјави Вељаноски.

Тој информираше дека за утре свикал итна седница, со единствена точка на дневниот ред “Информација за состојбата во медиумите и настаните поврзани со случајот „Перо Наков“ и А1 Телевизија “.

OhridNews
извор: Makfaks