Со одлични перформанси и погодок во триумфот (2-1) над Победа, дефанизивецот Наум Вељаноски ја започна одисејата во второлигашот од Гостивар.
Вељаноски погоди во 43-та минута за дуплирање на водството (2-0) што на крајот се покажа доволно за победнички старт во пролетната полусезона.
– Имавме зацртано позитивен резултат и со организирана одбрана, добар и ефикасен напад успеавме. Оваа победа сигурно ќе ни ја крене самодовербата, која ќе ни биде потребна за мечевите кои следуваат. Наша прва цел е опстанокот, а сигурно ќе ја зграпчиме шансата ако ни се пружи за местата на табелата кои водат во баражот. – рече Вељаноски.
Минатата полусезона охриѓанецот ја помина во Младост Царев Двор, а во Гостивар пристигна како искусно и квалитетно засилување.
Втора МФЛ: Деби со погодок и победа за Наум Вељаноски во Гостивар
Мх.П.