Поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Наум Вељаноски е нов игра на кратовскиот прволигаш Силекс. Тој со трикратниот македонски првак потпиша договор со времетраење од три години.
– Не ми беше тешко да ја прифатам поканата бидејќи излегоа со конкретна понуда. Условите беа подобри од Младост и се одлучив да потпишам за Силекс. – рече Вељаноски.
Вељаноски во Првата лига настапуваше за Еуромилк, а има уште играно за Македонија Ѓорче Петров и Охрид Лоте.
Мх.П.