Трајко Вељаноски останува на функцијата Претседател на Собранието.

Со 14 „за“ и 68 гласа „против“неговото разрешување заврши собраниската седница на која се расправаше по инетрпелацијата за Вељаноски што ја поднесоа СДСМ и НСДП со образложение дека тој на 1 јули, кога се случи инцидентот  во Парламентот, направил низа прекршувања на членот 43 од Законот за Собрание, како и за повеќе други постапки поврзани со овој, но и со други настани. Како најголем грев му се припишуваше тоа што дозволил вооружени полицајци, без идентификација, да се движат низ Собранието.

Во текот на маратонската расправа, опозоцијата и власта разменија тешки навреди.

OhridNews
Извор: „Макфакс“