Охриѓанецот Наум Вељаноски одигра натпревар без грешка за Младост во триумфот (3-1) над Силекс на „Атина Бојаџи“.Одличниот настап неуморниот десен бек го заокружи со асистанција до Мирко Симјановски кој го постигна третиот погодок за домаќините.
– Нашата екипа победува кога сите играчите даваме 100% и гиниме за секоја топка на теренот. Така беше и на дуелот со Силекс кој го добивме со одличниот пристап во првиот дел. – изјави по мечот Вељаноски и додаде. – Не мислиме само на опстанок, сите во екипата посакуваме пласман што повисоко на табелата. Ако продолжиме со вакви игри нема тоа да биде невозможно.
Младост кој има меч помалку со девет бодови се наоѓа на четвртата позиција на табелата со еден бод заостанување зад третопласираниот Силекс.
Мх.П.