Охриѓанецот Наум Велјаноски почнува потрага по нов клуб, откако спогодбено ја раскина соработката со есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига-запад, Струга Трим Лум.

Дефанзивецот во струшкиот второлигаш се пресели минатата сезона во зимскиот преоден рок, а заминува после точно една година и има само пофални зборови за клубот.

  • Спогодбено ја прекинавме соработката. На клубот му благодарам за прекрасните моменти и му посакувам влез во Првата лига, а на фудбалерите им благодарам за дружењето и заедничкото играње. – изјави Велјаноски.

Велјаноски кој потекнува од охридскиот фудбалски клуб дејствува на десната бековска позиција, а може да игра и на левата со оглед на квалитетот и искуството кои ги поседува.

OhridNews