Бетина, 48 годишна германка минатите 10 години живее на аеродром на шпанската Мајорка. Нејзината приказна потсетува на филмот „Терминал“ со Том Хенкс во главната улога.


Не сака многу да зборува за себе, но причината за нејзиниот живот на аеродром се неколкуте изгубени хонорарни работни места и пропадната љубовна врска. Постојано е чиста и средена не проси и не малтретира никого. Затоа од управата на аеродромот и дозволуваат таа да живее тука.

„Никому не му пречи. Аеродромот е јавна зграда, слободно може да ги користи неговите простории“ – велат од управата на аеродромот.