Нагласените и убаво обликуваните веѓи, истакнатите трепки, го истакнуваат лицето и потсетуваат на убавиците од 60-тите години на минатиот век. Некогаш беа популарни вештачките трепки, а денеска истиот ефект се постигнува со нивна надградба. Трендот оваа сезона е исцртување на внатрешната страна од долниот капак со моливче на зелена, сина или индиго боја.

Овие ведри нијанси добро стојат на сите дами, без оглед на тоа дали се очите сини, зелени, кафени или црни. Актуелен е природниот изглед и веѓи кои ја нагласуваат убавината, а обожавателките на драматичниот изглед можат да експериментираат со металик сенки со интензивни нијанси, сребрена, златна, бронзена и сива.

извор:zenstvena.com