Црвена Звезда го совлада Партизан со 2:0 во 166 вечно дерби и се врати во трката за титулата во српското првенство.
Мечот што се одигра на стадионот „Рајко Митиќ, некогаш познат како „Маракана“, беше одлучен во првото полувреме, кое целосно им припадна на црвено белите.
Стрелци на головите беа Охи и Катаи.
Во второто полувреме мрежите мируваа, а Партизан мечот го заврши со 10 играчи, бидејќи Зделар поради два жолти картони заработи исклучување.
Партизан и натаму е лидер во првенството со 2 бода предност пред градскиот ривал.
OhridNews