Новата сезона во кошаркарската Суперлига ќе стартува на 6 октомври, а најинтересен дуел ќе биде вечното скопско дерби помеѓу МЗТ Скопје и Фершпед Работнички. Охридскиот суперлигаш Амак СП на стартот од првенството му гостува на шампионот Струмица. Во другите натпревари од 1. коло ќе се сретнат: Вардар 2000 – Карпош Соколи 2000 и Фени Индустри – Маврово, додека екипата на Свисслион Пелистер е слободна.
Суперлигашите во новата сезона ќе играат по нов систем. Имено, најквалитетните македонски кошаркарски клубови ќе играат по четворокружен систем, кој содржи 36 кола од регуларниот натпреварувачки дел. Шесте првопласирани екипи ќе играат во плејофот, седмопласираната игра бараж за опстанок со второпласираната екипа од Втората лига, а двете последнопласирани екипи испаѓаат од Супер лигата.
Една недела порано, на 29 септември ке биде отворен шампионатот со дуелот од Супер Купот на Македонија, помеѓу Струмица 2005 и Вардар 2000.
Жените почнуваат на 6 октомври
Женското кошаркарско првенство на Македонија во новата сезона стартува на 6 октомври. Првата лига ќе има 7 екипи, кои во првата фаза ќе одиграат 14 кола, а потоа следува одигрување на уште 7 кола според системот “оролоџо“. Есенскиот дел од првенството завршува на 15 декември.
Претходно е предвидено одигрување на Супер Купот, на 29 септември, а ќе се сретнат Вигор Скопје и Водњански лисици.
На седницата на Здружението на прволигашките екипи во женска конкуренција беше одлучено котизацијата за новата сезона, која треба да ја плати секој клуб, да изнесува 25.000 денари.
Мирко Постоловски