Вечерва во 20 часот започнува најновото, јубилејно 25-то по ред издание на фестивалот „Охридски  староградски средби“.

Годинава ќе настапат над  200 учесници од повеќе познати староградски состави, меѓу кои :Хорот при Центарот за култура „ Григор Прличев“, Градскиот тамбурашки оркестар од Штип, Октет Прилеп,Распеани гевгеличани, учесници од Крива Паланка, Распеани охриѓанки и градскиот хор од Штип.

Охрид изобилува со убави староградски песни и затоа веќе 25 години е домаќин на оваа манифестација.Публиката повторно ќе може да ги слушне песните создавани во времето на процутот на занаетчиството во градовите, кога се создавало градското јадро, серенадите.  Токму и целта на одржувањето на фестивалот е да се исткнат сите оние убави песни создавани во различните места и  градови, и да се паметат и негуваат и понатаму.“ – вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцеска.

Пред почетокот на фестивалот низ улиците на Охрид ќе се одржи традиционалното дефиле на учесниците.

Инаку, „Охридските староградски средби“ се во организација на Центарот за култра, а поддржани од министерството за култура.

OhridNews