Вечерва со почеток во 20 часот во спортската сала „Аминта Трети“ во селото Требеништа ќе започне второто издание на Фолк фест „Црешнобер“. Оваа манифестација која годинава ја организира „Астра дизајн“ од Охрид под покровителство на општина Дебрца, има за цел да ја промовира црешата како заштитен знак и бренд на ова село.
Организаторите информираат дека дводневната манифестацијата ќе изобилува со богата културно-забавна програма и други интересни активности.
Според најавите забавниот дел од црешноберот ќе започе со изложба на цреши, по што ќе следува настап на културно-уметнички друштва и естрадни уметници. На свеченото отворање на манифестацијата ќе се обрати Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Слични активности ќе бидат организирани и во рамки на вториот ден од манифестацијата.
OhridNews