Со традиционалното садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“ кинескиот поет Беи Дао, денеска во Струга ќе стартува 54. издание на Струшките вечери на позијата.
Во рамки на програмата вечерва во 18:10 во хотелот „Дрим“ ќе биде отворена изложба на Александар Ѓорѓиев, по што во 20:30 пред платото на „Домот на поезијата“ ќе се одржи Свеченото отварање на фестивалот. По меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“ предвиден е настап на музичката група „Фолтин“. Потоа ќе следува Поетско читање на учесниците во поетската платформа „Версополис“ и „Ноќ без интерпункција“.
Утре на 27-ми август за учесниците ќе биде организиран излет до манастирот „Св. Јован Бигорски“ каде што ќе се одржи Меѓународното поетско читање „Кругови“. Истиот ден со почеток во 18 часот во Хотел „Дрим“ ќе има претставување на едицијата „Плејади“, по што ќе се одржи поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“. Во 20 часот ќе се одржи поетски времеплов „50 години Златен венец“, а во 21:30 часот на Сцената покрај езерото ќе се одржи Вечер на современа мексиканска поезија, поетското читање „Кругови“ и „Ноќ без интерпункција“. Во рамки на програмата, за овој ден предвидена е и „Поезија на пат“ односно поетски читања во Битола, Ресен, Скопје и Охрид.
OhridNews