Под мотото „Сакам филм“ (Ich liebe film) вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид стартува 11-то издание на Фестивалот на новиот германски филм. Фестивалот ќе биде свечено отворен со почеток во 20 часот со прикажување на криминалистичкиот филм „Роден во болка“.
-Изборот на филмови прикажува пресек на широка палета на германската кинематографија, поддржани со јавни средства. Преку филмовите на ова издание публиката ќе може да ја доживее Германија, нејзината култура, историја и општество. Филмовите се разнолики исто како и животот, а дејствијата се одвиваат во Германија, но пораките се универзални за сите гледачи, велат од Германската амбасада во Скопје која е организатор на фестивалот.
Филмската програма продолжува утре со прикажување на драмата „Феникс“. Во понеделник ќе биде прикажан филмот „Хакери“, а во вторник ќе бидат прикажани детските филмови „Лола на грашокот“ и „Спасете го Рафи“ како и комедијата „300 Збора Германски“.
Влезот за сите проекции ќе биде слободен.
OhridNews