Денеска во Вевчани започнува третиот Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Пображење“, во чии рамки ќе биде презентирана македонската култура и традиција преку учество на домашни ансамбли и етно состави, а во исто време публиката ќе има можност да ужива и во фолклорот од Турција, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора.
Во рамките на фестивалот ќе се одржи и научна вечер на тема „ Играорната традиција во Вевчани, достоинствен чувар на Македонската изворна култура“ 1947-1973-2013 на која ќе говорат: М-р Велика Стојкова Серафимовска- етномузиколог, Блаже Палчевски- етнолог, Проф.Др.Рубин Земон, универзитетски професор, Аргил Мукоски- наставник по музика и Анастас Кусковски- хроничар на Вевчани.
OhridNews