Во организација на „USCCO“ (Урбан Стрит Кар Клуб Охрид), со поддршка од Општина Охрид, вечерва во Касарна Охрид, ќе се оддржи ноќен собир на автомобили (Night Car Show #2). На шоуто што оваа година ќе се одржи по втор пат, се очекуваат бројни гости од земјава и соседството.
Ќе бидат изложени голем број спортски модифицирани и уникатни автомобили. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер, но пред се ќе биде забавен, со настап на диџеи и игри како што се: клупско влечење на јаже, држење на тркало од автомобил, туркање на раце и сл.
Сите што ќе дојдат да уживаат во содржините на настанот се добредојдени, истакнуваат организаторите.
Ноќниот собир на автомобили во Охрид почнува во 19 часот.
Г.М.