Во Лапидаримот во центарот на Охрид, вечерва, 7 август, ќе се оджи ликовна изложба „Ех, моја Македонија“ во сеќавање на истакнатиот охридски уметник, прерано починатиот Драган Спасески Охридски.
На изложбата ќе бидат претставени дела на Мајкл Клос (Канада), Демир Демироски – Мак (Германија) и на македонските уметници Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски. Настанот музички ќе го збогати маестро Џевад Рамаданоски.
Отворањето на изложбата е во 20 часот.
Настанот е помогнат од НУ Завод и Музеј Охрид, КИ 5 до 12, а медиумски покровители се Охридњуз и регионалната телевизија Тв М.
Г.М.