Традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана оваа година за прв пат ќе се одржи во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид денес, 6 септември, со почеток во 20:00 часот.

Оваа година по дванаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наш годинешен гостин е почитуваната Вера Милошевска Јосифовска- Љубојна, информираат од ВИС „Билјана“.

Посочуваат дека билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 денари и може да се резервираат на телефонскиот број 076/212-680 и да се подигнат на самиот влез еден час пред почетокот на концертот.

OhridNews