53- то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри свечено ќе биде затворен вечерва. Ќе настапат ансамблот „ Кардешлик“ од Ресен, КУД „ Илинден” од Велгошти и културно уметничкото друштво „Отекс” од Охрид.
Балканскиот фестивал започна на 6- ти јули со настапот на ансамблот „Танец“. Во изминатите неколку вечери на сцената на Долни Сарај публиката имаше можност да го проследи настапот на голем број ансамбли од Хрватска, Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Австралија, Полска и Турција.
OhridNews