Одбројуваат последните часови до големото отворање на новата дискотека “Парк“. Ова лето дефинитивно најжешката дестинација на охридската ривиера. Стил, звук и амбиент каков што досега не сте почувствувале, најавуваат од „Парк“.

Дискотеката е комплетно реновирана и реконструирана. Внатрешноста потполно е изменета. Фантастичниот дел на подиумот дополнително е разигран со беспрекорно осветлување, а амбиентот го надополнува одличниот звук. За елитата изграден е посебен ВИП простор, а идеално е решена и пропратната инфрструктура.

Свеченото отворање на дискотеката е вечерва, а утревечер таму настапува познатиот Дј Бабура.

Г.М.