Револуционерниот стендап комичар Никола Тодороски, вечерва, во центарот за култура „Григор Прличев“, ќе изведе уште едно незаборавно шоу. Тој ќе се претстави со нов материјал, ексклузивно подготвен за оваа прилика. Специјален гостин на шоуто ќе биде бугарскиот стендап комичар Иван Кирков.
Билетите за новата стендап „Револуција“ на Никола Тодороски по симболична цена од само 150 денари, можат да се купат на касата при центарот за култура „Григор Прличев“.
Стендап шоуто започнува во 20 часот.
OhridNews