Првото извлекување на Ново Лото 7/34 на Државната лотарија на Македонија ќе стартува вечерва и ќе се емитува во живо на ТВ Сител од 20 часот.


Официјалниот старт на уплатата на Ново Лото 7/34 започна на 23. овој месец и за првото извлекување завршува денеска во 17 часот.

Покрај Ново Лото 7/34, Државната лотарија пушти во продажба и инстант-грепки “Среќни тркала” и “Ѕвезден пат”.

За првото коло од играта Ново Лото, независно од фондот на уплати за ова коло, Државна лотарија на Македонија гарантира премија од 100.000 евра за добивката со седум погодоци (седумка).

Ohrdidnews