Вечерва во 20.30 часот во предворјето на црквата Св.Софија, со премиерата на театарската претстава „ Деспина ќе ја грабиме…никој да не знае“, во изведба на аматерската актерска група на младите волонтери на Црвен крст Охрид ќе биде отворен овогодинешниот Аматерски младински театарски фестивал „ Вдиши театар“.
Од 25-28 мај, охриѓани, но и гостите-туристи ќе имаат можност да уживаат во актерските вештини на преку 50 младинци актери-аматери од организациите на Црвениот крст од Охрид, Крагуевац, Битола и Требиње, кои заедно со режисерите, текстописците сценографите својата креативност и талент ќе ги изразат преку театарски претстави, упатувајќи силни хумани пораки.
– И оваа година очекуваме охриѓани да го покажат својот интерес за театарската мисла и со свое присуство на претставите, оддадат признание за посветеноста и ентузијазмот на младите талентирани волонтери-актери, велат од општинскиот Црвен крст.
Влезот за сите претстави е слободен.
OhridNews