Владејачкиот Социјалдемократски сојуз, вечерва во Скопје на Конгрес, ќе ги избере кандидатите кои ќе се најдат на Листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни иозбори, закажани за 12 април.

Партијата претходно соошти дека пратеничките листи ќе ги предводат носител и носителка во сите шест изборни единици, како и дека 50% од кандидатите ќе бидат жени.

На конгресот ќе му претходaт состаноци на Извршниот и Централниот одбор на партијата, каде се очекува да се искристализраат последните дилеми, меѓу кои и тие во 5-та Изборна единица, во која се наоѓа и Охрид. Во јавноста се вратат повеќе имиња на можни кандидати за пратеници од Охрид, а неофицијално до последно се води голема внатрепартиска битка, која треба да резултира со конечни персоначни решенија на вечерашниот конгрес.

Г.М.