Екипите на АСП ПАК и Вабко Сервис Џуте, вечерва во 22 часот ќе се сретнат во финалето на 48-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта, со што ќе биде спуштена завесата на уште едно успешно издание на оваа позната споортска манифестација.
Претходно, во 20:30 часот се игра натпреварот за трето место помеѓу БЗ Груп Враништа и Др. Баткоски
Наградниот фонд на турнирот изнесува 150,000 денари, за прво место 80,000 денари, за второ место 40,000 денари, за трето место 20,000 денари и за четврто место 10,000 денари.
Пехари и медали предвидени се за првите три позиции, а ќе бидат прогласени и најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец. И годинава ќе биде доделена награда за најдобар млад играч „Јован Николоски“.
Г.М.