Наградите на американската Академија на филмските уметности кои по 83-ти пат ќе бидат во недела во Лос Анџелес. Покрај „Говорот на кралот“, филмските критичари сметаат дека изненадување би можел да направи и филмот „Социјална мрежа на“ Дејвид Финчер која зборува за настанувањето на социјалната мрежа Facebook.
„Говорот на кралот“ на Том Харпер го обработува периодот од животот на кралот Џорџ VI кој во судбоносните моменти за Британија го надминува проблемот со пелтечењето. Филмот има најмногу номинации -12 и се очекува да ги освои Оскарите во категориите за најдобра режија, за продуцент и за актери/
„Говорот на кралот“ претходно освои најмногу награди на доделувањето на признанијата од Британската академија за филмската и телевизиската уметност – BAFTA, што е показател во негова полза но историјата на доделувањето на признанијата од американската филмска академија покажува дека не секогаш се совпаѓале мислењата на двете академии.
„Социјална мрежа“ со осум номинации чии продуценти се надеваат на изненадување во недела навечер во „Kodak Theater“ во јануари веќе постигна голем успех, освојувајќи четири Златни глобуси, кои исто така се сметаат за одличен показател во однос на доделувањето на Оскарите.
Филмот „Труе грит“ на браќата Џоел и Итан Коен, римејк на класичниот вестерн на Џон Вејн „Човекот наречен Храброст“ е еден од филмовите со повеќе номинации, а голема фаворитка за освојување на Оскарот за најдобра актерка е Натали Портман која за ролјата во „Црниот лебед“ веќе ги доби наградите Златен глобус и BAFTA.
Како и секоја година и оваа преносот ќе го следат милиони телевизиски гледачи преку директниот пренос на телевизиската мрежа ABC којашто откако претходно 45 години го вршеше преносот потпиша нов договор за ексклузивните права кој важи до 2020 г.
Минатогодишната церемонија на доделување ан наградите ја следеле 41.7 милиони Американци, што е рекордна гледаност за последните пет години.