Ракометарите на Металург  во салата „Борис Трајковски“ (17 ч.) во рамките на третото коло од натпреварите во Лигата на шампионите играат против норвешкиот првак Драмен.

Откако планирано ги загубија двете средби во гости против европските гиганти Кил и Барселона, за играчите на Металург следува своевидниот бараж меч бидејќи поуспешниот од двете средби ќе го освои третото место во групата во Лигата на шампионите и ќе игра во Купот на куповите.

Ракометарите на Вардар  во СРЦ „Кале“ (19.30 ч.) ќе го пречекаат Естонскиот  Чоколад Бојс, против кој ќе се обидат да ја стопат негативата од два гола од Талин (32:30) и да се пласираат во третото коло во КПК.

Ohridnews