Вечерва во Куќата на Уранија ќе бидат промовирани двете најнови книги на академик Блаже Ристовски.
Станува збор за книгите „Македонски работи – јазик, литература, историја, нација, држава“ и „Македонски литературни пројави од лозарството до другарството“, за чија научна вредност ќе говори академик Геогри Старделов.
Инаку, настанот се одржува во рамките на манифестацијата „Научна и уметничка визита Охрид 2014“ во организација на МАНУ.
OhridNews